Алијанса за Албанците преку соопштение до јавноста го поздрави повторното започнување на Берлинскиот процес од страна на канцеларот на Сојузна Република Германија и договорте што ги постигнаа вчера шесте земји од Западен Балкан под водство на германската Ммнистерка за надворешни работи Аналена Баербок.
Договорите за взаемно признавање на универзитетските дипломи и професионалните квалификации се многу важни за материјализирање на заедничкиот регионален пазар. Но, политички најзначајниот договор е без сомнение оној за слободно движење со лични карти меѓу шесте земји од Западен Балкан, што значи уривање на последниот визен ѕид преостанат во регионот, тој меѓу Република Косово и Босна и Херцеговина. Ова достигнување уште еднаш потврдува дека Берлинскиот процес е единствената рамка за економско-политичката интеграција на регионот, решавањето на преостанатите пречки за постигнување назЗаедничкиот регионален пазар и единствениот пат за постепена интеграција на Балканот во единствениот европски пазар“, соопшти партијата.
Според Алијанса за Албанците, се докажало дека проектот Отворен Балкан не придонесува во зголемување на регионалната соработка, туку ги продлабочува раздорите и негативно влијае во вистинската интеграција на регионот минирајќи ја имплементацијата на Заедничкиот регионален пазар на Берлинскиот процес. Ова, како што велат, се потврдило и од Извештајот за прогресот 2022 година за Северна Македонија, во кој се оценува дека имплементацијата на четирите слободи на движење на Ееинствениот пазар останува меѓу најслабите точки на европските реформи во земјата.
„Затоа, ја повикуваме владата на Северна Македонија од сега па натаму да ја посвети целата своја енергија на спроведувањето на акцискиот план 2021-2024 година на Заедничкиот регионален пазар. Импровизациите и авантурите во паралелни, исклучувачки процеси и кои водат кон еден Западен Балкан со две брзини мора веднаш да се прекинат“, додаваат од партијата.