„Неколку недели од ДУИ се пуштаат во јавноста тврдења дека Алијанса за Албанците ќе влезе во власта, но тоа е спинување затоа што во ДУИ има три – четири или повеќе фракции и не се знае кој со кого е, па тоа го затскриваат со вакви лажни вести“, рече Таравари и наглси дека партијата нема покана за влегување во власта.
„Алијанса за Албанцигте не е човек – партија како што е тоа случај со некои партии, ние имаме органи и тела и таму се одлучува за евентуални покани за зголемување на владејачкото мнозинство, за влез во власта. Но покана нема и не е расправано за таква можност“,рече Тарвари.
Toj денеска ја презентираше партиската анализа на Извештајот на Европската комисија за Македонија и оцени дека Владата е виновна за лошите оценки на Брисел.
Во однос на уставните измени, рече дека Алијанса за Албанците ќе презентира пакет свои предлози како услов за поддршка, наведувајќи дека и странските амбасади ќе бидат информирани. Меѓу другото, рече дека условот е да се отфрли одредбата која дефинира официјална употреба на албанскиот јазик онаму каде што има над 20 проценти Албанци.