Од вкупната популација 3.383.527 се жени, а 3.136.262 мажи, па односот е 1.000 жени на 927 мажи. Во градовите живеат 73,3 отсто од населението, а во руралните средини 26,7 отсто пренесе денес бугарската новинска агенција БТА.
Според бројот на жители најголема област е главниот град Софија со 1.240.290 луѓе, а следат областа Пловдив со 634.497, Варна со 432.198 и Бургас со 380.286 жители.
Во тие четири региони живеат 41,7 отсто од вкупното население на Бугарија, покажуваат резултатите на пописот.
Најмала област во земјата е Видин, со 75.408 жители, односно 1,2 отсто од вкупната популација.
Според НСИ, главните фактори кои влијаеле на сериозното намалување на бројот на жителите се негативниот природен прираст и емиграцијата.
Дополнително се влошиле и негативните движења во старосната структура на граѓаните, кои резултирале со апсолутен пораст на бројот на лица постари од 65 години, и зголемувањето на нивниот удел во општата популација, наведува БТА.
Пописот покажал дека просечната годишна стапка на намалување на бројот на жители на Бугарија пораснала за 0,7 отсто во периодот од 2001 до 2001, на 1,2 отсто во деценијата од 2011 до 2021.