Бугарија не дозволи отворање македонски клуб

0
66

Македонија на највисоко владино ниво со месеци се обидува да ја спречи регистрација на здруженија со имиња на лица директни соработници со фашистите, а бугарија експресно на локално ниво донесе забрана за отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград – македонски поетски великан и социјалист, стрелан токму од фашистите.

Градскиот совет донесе декларација со која се забранува отворање на македонски клубови, а советникот Кирил Илиев од ГЕРБ им порача на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот.

Отворањето на клубот беше закажано за 30 октомври.

Провокациите почнаа пред неколку дена кога од објектот беше извадена првата буква „М“ од името на клубот.

Бугарските провокации отидоа многу подлабоко откако завчера бугарски академици ја обвинија Македонија дека со прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светец прави богохулие бидејќи според нив тој е бугарски преродбеник.

Беше извршена и насилна промена во биографијата на Пејчиновиќ во англиската верзија на Википедија. Бугарските провокатори го смениле текстот и напишале дека тој е бугарски деец кој творел во Македонија на новобугарски јазик и служел во има на неговата татковина Бугарија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи тврди дека нема никакви информации за инстант бгарската забрана да се регистрира македонско здружение во Благоевград.

За македонските напори пак за справување со бугарските провокации се повика на законот но тврди дека тој не треба да важи ретроактивно бидејќи негативно може да влијае врз македонско – бугарските односи.

За пораките против македонските евроинтеграции кои ги испрати Копретседавачот на заедничката историска комисија Ангел Димитров, Османи вели ќе разговара со нивниот бугарски колега во Германија. А за навредите од Џамбаски ќе испратат протестна нота до Бугарија.