ВМРО-ДПМНЕ објави 4 функционери со „тајни имоти“ – Ковачевски: Ако имаат сознанија да ги достават до антикорупциска

0
56

Аналитичарот Алберт Муслиу, адвокатот Ивица Јевтиќ, директорот на Македонски шуми Валентин Груевски и членот на Управниот одбор на Здравствениот дом во Берово Новица Печински се првите четири носители на јавни функции за кои од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека имаат „тајни имоти“, како што се градежни фирми, куќи и скапи возила.

Бране Петрушевски од оваа партија рече дека се работи за луѓе кои имаат директни релации со премиерот Димитар Ковачевски кои тој ги именува на државни позиции. За ова вчера зборуваше и претседателката на Антикорупциска комисија Билјана Ивановска која ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ доколку имаат документи за криење имот да ги достават до Комисијата.

„Државната комисија за спречување на корупцијата се јавува секогаш кога треба да заштити скандали кои што се поврзани со власта. Ова е обврска законска на Државната комисија за спречување на корупцијата да си ја работи својата работа за која што зема пари директно од буџетот на Република Македонија. Имаме институт „допрен глас“, гледам по медиумите дека претседателката на Државната комисија за спречување на комисија го слушнала овој наш глас и апсолутно не и постои никаква пречка да постапи согласно законите и согласно и согласно она што е платена во Република Македонија да го работи.“, рече Петрушевски.

Премиерот Ковачевски вели дека за таква афера за која зборува ВМРО-ДПМНЕ нема никакви сознанија и ги упати да таквите информации да ги достават до Антикорупциска

Нов начин на лекување на простатата и потенцијата. Можно е да се врати и подобри потенцијата и да се намали ноќното мокрење!

 

„Се што имаат како одредени индикации треба да ги достават до Антикорупциска комисија, бидејќи секој функционер е должен, се она што го има стекнато во текот на својот живот да го пријави во својот анкетен лист исто како што јас сум го направил тоа.“, изјави Ковачевски.

Во последниот Извештај на Европската комисија беше критикуван тоа што досега не е изгласан Законот за потекло на имот. Министерот за правда Никола Тупанчевски вели дека очекува наскоро да биде изготвен овој закон, но додава дека веќе постојат можности за докажување на потеклото на имотот.

Ако имате непријатност при мокрење, ова е лош знак. Ова значи дека простатата е веќе зголемена и клетките на ракот можат да почнат да се формираат во секое време.

„Тврдам одговорно дека и мимо тој закон уште пред да биде донесен во моментов постојат инструменти и механизам за докажување и откривање на состојбата на незаконски стекнатиот имот. Ние ја очекуваме работната група да излезе со драфт верзија и штом ја добиеме драфт верзијата веднаш ќе го дадеме својот придонес во донесувањето и во заокружување на таа легислативна целина.“, изјави Тупанчевски.

ВМРО-ДПМНЕ деновиве тврдеше дека има сознанија дека 123 функционери не го пријавиле својот имот и тоа во вредност од околу 30 милиони евра. Покрај овие четворица кои денеска ги објавија, од партијата на Христијан Мицкоски велат дека утре ќе продолжат да објавуваат и други имиња.