Скопје сега функционира нормално, булеварите се раздвижени, граѓаните кои за прв пат искусија што значи да нема јавен превоз се вратија на постојките чекајќи автобус да си ги вршат обврските.
Метрополата функционира, крвотокот на главниот град повторно се раздвижи. Речиси само половина ден вчера покажа што значи Скопје да нема градски превоз и во каква незавидна состојба може да ги доведе тоа граѓаните.
Граѓаните по вчерашните и утринските проблеми, велат дека е добро што конечно градските артерии се слободни за поминување, и се надеваат дека проблемите веќе нема да се повторуваат.
Дали автобусите повторно ќе се појават пред Владата засега останува нејасно. Тие ја блокираа „Илинденска“ во знак на протест од страна на раководството на ЈСП и Град Скопје, поради како што велеа, неисплатен долг од два милиони евра кон претрпријатието.
Синдикалците повторија дека немаат никаква врска со протестот пред Влада, оти владата не е нивни работодавач. Вработените веќе ја добиле и платата за септември..
Проблемот со ЈСП се реши откако Град Скопје вчера итно пренамени 2 милиони евра со кои се обезбедни плати до крајот на годината.. дотогаш останува неизвесно дали ќе се најде одржливо решение, или загубите повторно ќе се вратат.