Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во Прага дека во моментов нема ништо за што би вредело да се разговара со Грција и ја обвини Атина дека својата политика ја заснова врз „лаги“.
„Тие не се таму каде што треба да бидат“, рече Ердоган на синоќешната прес-конференција.
Според него, целата политика на Грците се заснова врз лаги и оти не се чесни.
„Немаме што да разговараме со Грција“, рече Ердоган.
Тој уште изјави дека дека Атина ја разбрала пораката на Анкара кога турските власти рекоа „би можеле ненадејно да пристигнеме една ноќ“ – коментар што грчките и уште некои западни претставници го осудија како закана за соседната држава.