За време на официјалното отпочнување на изградбата на пругата од источниот дел на железничкиот Коридор 8, Ковачевски кажа дека е свесен оти кај граѓаните постои скептицизам дека пругата кон Бугарија некогаш ќе биде изградена, но додаде дека единствената опција која постои е удвојување на напорите со соседите и со ЕУ за овој проект да стане реалност
„Пругата наречена надеж“ е сосема прецизна формулација за проектот железница кон Бугарија, рече премиерот Димитар Ковачевски од местото Шупли Камен во близина на Куманово каде што денеска официјално започна изградбата на источниот дел од железничкиот Коридор 8, секција Куманово – Бељаковце – Крива Паланка.
Ковачевски кажа дека е свесен оти кај граѓаните постои скептицизам дека пругата кон Бугарија некогаш ќе биде изградена, но додаде дека единствената опција која постои е удвојување на напорите со соседите и со ЕУ за овој проект да стане реалност.