Ковачевски од Прага: Само обединети може да се справиме со предизвиците на недостиг на енергенси и храна

0
120

Идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за Европска политичка заедница (ЕПЗ) се реализира. Лидерите на земјите-членки на Европската унија (ЕУ), се среќаваат со нивните сојузници од континентот, среде војната во Украина, за да рзговараат за безбедноста на Европа, енергетската криза, високата инфлација. Замислата е да се поттикне соработката во Европа за да се зајакне безбедноста на континентот.

Сигурно не сакаме да воспоставиме друга европска организација. Нема да го замениме сегашниот формат на соработка, веќе имаме многу од тоа. Нема ниту да усвојуваме било каква официјална резолуција денеска. Поентата е едноставна: да имаме искрена дискусија за прашањата од заеднички итерес, но исто и за темите за кои имаме разидувања.

На самитот се и Молдавија, Турција, Грузија, но и шесте земји од Западен Балкан, кои сакаат да се приклучат на Унијата. Европските челници инсистираат дека ова не е замена за проширувањето.

Не сум против тоа други земји да се придружат се додека ги почитуваат заедничките вредности: либарелата демократија, човековите права итн. Секако, има причина зошто Русија и Белорусија не се тука.

Премиерот Димитар Ковачевски кој ја предводи македонската делегација во Прага во самитот гледа шанса за надминување на кризата.

Само обиденети можеме да се справиме со предизвиците на недостиг на енергенси и храна.

Предлогот за Европска политичка заедница францускиот претседател го кажа во мај, заборувајќи во Европскиот парламент во Стразбур, велејќи дека оваа заедница е нов одговор на војната во Украина. Сега, европските медиуми пишуваат дека дали овој самит ќе биде успешен зависи од тоа во која мера лидерите ќе ги следат своите национални интереси или вистински ќе се заложат за поблиска соработка на континентот. Во спротивно, ова ќе остане само голема форографија на 44-ца лидери.