Милошоски: Бесмислено е да се бара поддршка за закони што не се стасани во Собрание

Пратеникот Антонио Милошоски денеска изјави дека е бесмислено да се бара подршка за закони кои не се доставени во Собранието.

Милошоски како реакција на барањето на пратениците од власта за поддршка за закони за излез од кризата и прекинување на активната блокада, рече дека несериозно е да се одржи вонредна прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски на 28 септември, а до денеска тие закони да ги нема во Собрание.

-За разлика од неодговорноста на власта, ние како пратеничка група следниот ден на 29 септември, предложивме закон за измени на Законот за енергетика, преку кој училиштата и јавните претпријатија и болниците би биле на регулираниот пазар и сакаме да се интервенира што побрзо, но за жал владејачкото мнозинство иако законот е само три члена една недела се уште не замајува дека се преведува предлог законското решение на ВМРО-ДПМНЕ. Односно одолговлекува затоа што власта не е способна да ги достави до Собрание предлог законите за кои Ковачевски кажа дека се итни и бара поддршка а од нив нема ни трга ни глас во собраниските архиви. Тоа е бесмислено да се говори за закони кои не се доставени во Собранието, рече Милошоски.

За законот за заем од ЕБОР, предупреди дека неколку пати како опозиција кажале дека се сомневаат во трошењето на средствата коишто Владата го прави од вакви заеми, за што имало и објави во медиумите.