Наивачи на ПАОК дивееа низ Скопје, МВР спречи директен судир со Комити

0
60

Навивачи на грчката „Паок“ дивееле среде Скопје. Нападнале момче со дрес на Вардар и ограбиле неколку продавници во Центар.

Полицијата во два наврати спречила инцидентот да прерасне во жестока пресметка помеѓу навивачки групи.

Дел од грчките навивачи се идентификувани, по што биле веднаш вратени во автобусот на клубот, за да спречи пресметка со Комитите, кои во меѓувреме се спрамале за одоговор.

Но, откако Комитите не успеале во намерата, се собрале на излез од Скопје во обид да го сопрат абтобусот.

Не успеале ниту во овој обид да им вратат за нападот на момчето со дрес на Вардар, па го каменувале автобусот. За среќа нема повредени.

ДЕНЕСКА ОКОЛУ 16.00 ЧАСОТ ВО СВР СКОПЈЕ БИЛО ПРИЈАВЕНО ДЕКА НА ПОДРАЧЈЕ НА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ БИЛ НАРУШЕН ЈАВНИОТ РЕД И МИР ОД НАВИВАЧИ ОД НАВИВАЧКА ГРУПА ОД РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА. ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ИЗЛЕГЛЕ НА МЕСТОТО И БИЛО КОНСТАТИРАНО ДЕКА ДЕЛ ОД ЛИЦАТА ОД ГРУПАТА ОДЗЕЛЕ ПРЕДМЕТИ ОД ПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ И ФИЗИЧКИ НАПАДНАЛЕ СЛУЧАЈНИ МИНУВАЧИ. ГРУПАТА БИЛА ОБЕЗБЕДЕНА И ПО ЦЕЛОСНО РАСЧИСТУВАЊЕ И ДОКУМЕНТИРАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ ПРОТИВ СТОРИТЕЛИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОДНЕСЕНИ СООДВЕТНИ ПОДНЕСОЦИ, ВЕЛАТ ВО ОДГОВОР ЗА ТЕЛМА ОД МВР.