НАЈЕФТИНА ТЕГЛА МЕД ЗА 800 ДЕНАРИ, ПЧЕЛАРИТЕ ВЕАЛТ ДЕКА И СО ОВАА ЦЕНА ЕДВАЈ ОПСТАНУВААТ

Кризата ги погоди пчеларите. Поради зголемените трошоци за производство, се намалуваат бројот на пчелни кошници во полошкиот регион. Оваа стопанска гранка се соочува и со намалени приноси поради загадување на околината и климатските промени.

Светозар Петковски повеќе од 30 години се занимава со пчеларство.Климатските промени, загадувањето на околината, вели ги пребродуваме со децении, но бранот поскапувања го зададе најголемиот удар на пчеларите. Но, со оглед на се што е поскапено, медот можам да кажам дека е ефтин, вели тој.

На традиционалниот саем за мед во Тетово, најефтината тегла се продаваше по цена од 800 денари. Ако е вистински мед и со оваа сума едвај излегуваме на крај, велат пчеларите. Затоа и голем дел од нив, веќе започнале да ги намалуваат пчелните семејства.

Пчеларите побараа поголема контрола и инспекции околу употребата на пестициди, кои ја загадуваат околината, уништувајќи ја оваа дејност. Поради ваквите проблеми, сега од едно пчелно семејство излегува до 5 килограми, а порано добивавме и три пати повеќе мед .За поголем принос, треба да се чуваат пчелни сандаци на повеќе локации, советуваат пчеларите.

Пчеларите на традиционалниот саем на мед, побараа државата да преземе итни мерки за помош на пчеларите со повеќе контроли врз лажните медари, пошумување, но и поедноставна процедура за добивање на субвенции.