НЕМА НИТУ ОГАН НИТУ ПЛАМЕН, РЕЧЕ АХМЕТИ ПО СРЕДБАТА СО ТАКАНАРЕЧЕНАТА ОГНЕНА ГРУПА НА ДУИ

0
74

По речиси шест часа заврши средбата на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети со ткн. Огнена група во седиштето на партијата во Мала Речица која бараше партиски реформи. Лидерот на ДУИ по овие разговори најави дека дебатата во партијата ќе продолжи, а за десетина дена ќе има Централно собрание на која ќе се избере ново претседателството.

Нема ниту оган, нема ниту пламен, изјави претседателот на ДУИ Али Ахмети, по денешната средба со преставниците на таканаречената Огнена Група, која минатиот месец писмено побара реформи во партијата на интегративците и смена на вицепремиерот Артан Груби.

Ахмети посочи дека неговата партија секогаш била отворена за дебата, никогаш не ставила блокада на различните мислења, затоа дебатата со сите функционери на ДУИ ќе продолжи.

-Врз основа на анализата ќе продолжиме понатаму со дебатите. Нема оган, нема пламен, карактеристика на ДУИ е дека никогаш немало напори да се изгасне различното размислување да се истисне или да се војува против различно размислување. Напротив, со почитување на овие принципи сме стигнале до правите одлуки. Значи нема оган, и нема да има, истакна Ахмети 

Дебатата ќе се врати и во највисоките органи на партијата  потенцираше Ахмети, каде меѓу другото ќе се разговара и за актуелната политичка ситуација.

– На 15 октомври ќе има Централно собрание каде што ќе се разговара за политичката ситуација, но и ќе се избере новото претседателство, кој ќе ги избере и другите органи.Пред овој орган владиниот состав на ДУИ ќе има отчет, рече Ахмети 

Пратеникот Изет Меџити, еден од ткн. Огнена група на новинарско прашање рече дека е задоволен од средбата  За побараната смена на вицепремиерот Артан Груби истакна дека ќе се одлучува понатаму во самата партија.