Нови дојави за бомби во средните училишта во Скопје

0
46

Поради дојава за бомба, средното училиште „Никола Карев“ во Скопје е евакуирано. Откако сите ученици и наставници го напуштиле објектот започнала проверката од страна на тимовите за антитерористички проверки на Министерството за внатрешни работи. Новинарските екипи очекуваат повеќе од МВР во текот на денот.

Инаку во текот на вчерашниот ден исто така имаше дојава за бомба во скопската гимназија „Орце Николов“, а по проверката на безбедносните единици во објектите не бише откриена никаква експлозивна направа.