ПОВТОРНО СЕ ОДЛОЖИ РОЧИШТЕТОТО ЗА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО

0
65
epa09456846 Investigators at the scene following a fire at a hospital for Covid-19 patients in Tetovo, Republic of North Macedonia, 09 September 2021. At least fourteen deaths have been reported by the Ministry of Health when a fire, thought to have been triggered by oxygen cylinders that provide oxygen to patients with a more severe clinical case of Covid-19, broke out at the hospital on 08 September 2021. EPA-EFE/Georgi Licovski

Се одложи и второто судско рочиште за пожарот во модуларната болница во Тетово. Тројцата обвинети дојдоа, но поради нивно неангажирање на адвокат судијата го закажа следниот судкси процес на 8 ноември.

Свои адвокати немаа ангажирано раководното лице на модуларната болница Артан Етеми, кој се товари за кривично дело тешки дела против општата сигурност и доктор Бобан Вучевски, за делото непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Образложија дека за судењето дознале од медиумите и немале информации, оти имаат право на адвокат.

Судијата Јордан Велков посочи дека во самата покана, им пишува оти имаат право на адвокат.

Секое одлагање е поврзано со трошоци и сето ова е неосновано.Ако не ангажирате адвокат нареден пат нема да ви се смета како некој пропуст, истакна судијата Велков

Од обвинетите побара во рок од 8 дена да достават полномошно за адвокат, во спротвно ќе се ангажираат бранители по службена должност.

Поранешиот директор на Клиничката болница Тетово Флорим Бесими, кој се товари за кривичното дело тешки дела против општата сигурност, пред медиумите рече дека поседува неспорни докази со кои ќе докаже дека е невин. Ги повика медиумите да го следат процесот до крај.

Обвинение има и за правното лице Клиничка Болница Тетово, за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Инаку обвинителството во октомври минатата година го објави извештајот на ОКТИВ при МВР. Со вештачењето се утврди дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска.