Македонската православна Црква – Охридска Архиепископија го прогласи Игуменот на Лешочкиот Манастир Кирил Пејчиновиќ за светец. На денешната канонизација во Тетово, присустуваат голем број верници. На сега веќе преподобниот свети Кирил Пејчиновиќ, во соборниот храм му беа изложени моштите.
Втемелувачот на новата македонската книжевност и литература Кирил Пејчиновиќ, доби заслужено место во редот на македонските светители.
Моштите на чуварот на писмото и јазикот, беа изложени во храмот каде верниците се поклонува додека траеше литургијата, со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонско ГГ Стефан.
Тој во беседата потенцираше дека на игуменот Лешочки денеска со канонизацијата му се исправа неправдата, која му ја наметнуваше секуларната наука
Со своите проповеди и севкупна дејност, Пејчиновиќ се истакнал во времето кога на нашиот народ му требало поука, како да биде поблиску до Бога
Пејчиновиќ е роден во тетовското село Теарце во 1771 година. Првите почетоци од неговото образование биле во селото Лешок каде подоцна во манастирот служи и станува Игумен.Неговиот животен пат освен на бројните написи, го напишал и на камената плоча на неговиот гроб, која самиот ја изделкал пишувајќи го познатиот епитаф.