„Сметам дека она што најмалку може да го направат ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател, бидејќи тој е нарачател на овие работи, бидејќи е фатен во корупциски скандал од 136 милиони евра и во други корупциски скандали претходно за кои се откажуваше од своите пријатели и другари со кои веројатно имал некакви активности, е прво да се извини и да не ги тера пратеници како на пример вчерашниот пратеник (Миле Лефков н.з.) кој излезе да изнесува невистини квалификации и конструкции, со оглед на тоа што јас од нив првин ќе побарам извинување, а потоа сè она што следува врз основа на законските регулативи во државава“, изјави денеска Ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски денеска, одговарајќи на новинарски прашања, ги оцени како очаен обид обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека заедно со неговиот кум имаат бизнис во енергетскиот сектор вреден 26 милиони евра и побара од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и членовите и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои излегоа со аферата „Броило“, да му се извинат, инаку, како што индиректно најави, ќе бара одговорност од нив по судски пат.
Според Ковачевски, аферата „Броило“ што вчера ја објави ВМРО-ДПМНЕ е обид на опозициската партија да го сврти вниманието од корупцискиот скандал, во кој, како што рече, се наоѓа нејзиниот претседател Мицкоски.
„Сметам дека она што најмалку може да го направат ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседател, бидејќи тој е нарачател на овие работи, бидејќи е фатен во корупциски скандал од 136 милиони евра и во други корупциски скандали претходно за кои се откажуваше од своите пријатели и другари со кои веројатно имал некакви активности е прво да се извини и да не ги тера пратеници како на пример вчерашниот пратеник (Миле Лефков н.з.) кој што излезе да изнесува невистини квалификации и конструкции со оглед на тоа што јас од нив првин ќе побарам извинување, а потоа се она што следува врз основа на законските регулативи во државава“,изјави денеска Ковачевски.
Прашан од новинарите дали тоа значи дека ќе поднесе кривична пријава, премиерот кусо одговори дека „тоа ќе го кажат адвокатите“.
„Јас не сум адвокат“,дополни Ковачевски.
Во врска со компанијата „Пиксел груп“ преку која, како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски и неговиот кум зазеле централна позиција во енергетскиот бизнис и „вртат милионски суми“, премиерот вели дека станува збор за неосновани тврдења и дека тој излегол од сопственичката структура на фирмата откако добил јавна функција, односно кога бил избран за заемник-министер за финансии.
„Што се однесува до неоснованите прес-конференции што ги држат вчера и денес јас сум човек кој што пријавил чесно во анкетниот лист се што поседува, а мојата биографија е комплетно достапна и во Собранието кога ме бираат за заменик-министер за финансии и за претседател на влада. Се што сум работел досега во животот било најтранспаретно. Со преземањето на политичката функција заменик-минситре за финансии јас си ги повлеков своите финансиски средства од `Пиксел груп`, компанија во која што сум бил основач и сум многу горд на тоа бидејќи во Северна Македонија да направите фабрика за производство на високо-технолошка опрема сепак сметам дека е нешто за почит. Што се однесува и до продавањето на уделите јас таму немам ниту било какви интереси ниту било какви обврски во однос на управувањето или работњерто на таа компанија. Тоа за што го обвинува ВМРО-ДПМНЕ и кое е поставено во некакви прашални форми и се однесува на работењето на компаниите кога јас сум бил таму и кога сум излегол. Во `Пиксел групација` во која сум бил основач и менаџер се е работено транспарентно и врз основа на закони, меѓутоа по продавањето на акциите јас немам никаков удел ниту пак имам некакви обврски во компанијата“,рече премиерот Ковачевски.
Опoзициската ВМРО-ДПМНЕ вчера излезе со обвинувања до премиерот Димитар Ковачевски, според кои фирми основани од него и негови семејни врски „вртат милионски суми во енергетскиот бизнис“, односно се вмешани, како што тврдат од партијата, во бизниси во вредност од 26 милиони евра.
Аферата „Броило“, како што ја нарекоа од ВМРО-ДПМНЕ, според партијата ќе покаже како Ковачевски и една тесна клика се здружиле во картел кој печали и добива лична корист.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска излегоа со нови обвинувања во рамките на аферата, што ја нарекоа „Броило“, и според нив фирмата „КМГ ЕОЛ квазар“, основана од Горанчо Паунов – кумот на премиерот Димитар Ковачевски, добила четири милиони евра само од ЕВН и државни тендери. Над два милиони од оваа сума, според опозицијата биле само од тендери од државата.
Денеска со заедничко соопштението, по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, излегоа компаниите „Пиксел груп“ и „КМГ ЕОЛ квазар“ во кое најостро го осудија „секој обид за дискредитација и обид за нашата групација да се доведе во корелација со каква било политичка структура“.
„Бараме извинување од оние кои пласираат вакви неточни тврдења, во спротивно ќе ги преземеме сите правни средства кои ни стојат на располагање за заштита на угледот на двете компании. Како и досега, стоиме транспарентно во објавување на секој податок и информација што е во интерес на јавноста и на нашата држава“,
велат од двете фирми во заедничко соопштение.
Извор 360 степени