Претепан новинарот Божиновски, со тешки повреди пренесен во болница (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ)

0
81

Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски бил претепан вчера во Битола. Тој има скршеници и тешки повреди, а бил нападнат од неколку непознати лица. На социјалните мрежи се објавени фотографии на кои се гледа крвавото лице на новинарот. Од МВР го потврдија настанот. За сега не е познат идентитетот на напаѓачите, ниту пак мотивите за овој инцидент.

 

Божиновски, според првичните информации бил нападнат пред неговата куќа во Битола пред неговата сопруга и со повреди бил пренесен во битолската болница. Од тепањето завршил со скршен нос и други повреди на главата.

„На 25.10.2022 во 20.42 часот во СВР Битола, П.С. од Битола пријавила дека на ул.„Кочо Рацин” во Битола нејзиниот сопруг З.Б. бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Напаѓачите најверојатно биле вооружени со метални боксирачи на рацете, а настанот бил пријавен во полиција.