СЕРИОЗНА ГРЕШКА Е АКО КОРИСТИТЕ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ, ЈА ПРЕДУПРЕДИ МОСКВА ЏО БАЈДЕН

0
73

Американскиот претседател Џо Бајден повторно ја предупреди Москва да не користи нуклеарно оружје бидејќи тоа би било сериозна грешка

-Русија би направила неверојатно сериозна грешка со користење на тактичко нуклеарно оружје”, рече Бајден.

Нема гаранции дека станува збор за т.н. операција под лажно знаме, а секое распоредување на нуклеарно оружје „би било сериозна, сериозна грешка”, рече американскиот претседател.

Неговиот коментар уследи откако Русија прво наведе дека Украина планира да фрли „валкана бомба”, што беше демантирано од Украина, како и САД, Франција и Велика Британија.

Директорот за комуникации на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, во понеделникот изјави дека нема апсолутно никаква вистина во тврдењата на Москва дека Украина планирала да активира „валкана бомба”, а потоа за тоа ја обвини Русија.

„Тоа едноставно не е вистина. Знаеме дека не е вистина”, рече Кирби