Синоќа во полошко, 19 возачи под дејство на алкохол биле санкционирани од полицијата

0
58

Вчеравечер (29/30 октомври) од 22 до 4 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возачи, дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол.

При контролата откриени и санкционирани биле вкупно 19 возачи (ТЕ-14 и ГВ-5), кај кои било утврдено присуство на алкохол, од кои кај 5 (ТЕ-4 и ГВ-1) до 2 промили.

На сите возачи-прекршители изготвени им се поднесоци, исклучени се од сообраќај и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби и други мерки, зависно од степенот на алкохолизираност.

Во акциската контрола, исто така, биле санкционирани и 15 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-4).

СВР Тетово повторно со апел до возачите и посебно до младите и без доволно возачко искуство, да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол и да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.Зашто, алкохолот во голема мерка ја намалува нивната способност за безбедно управување, особено во вечерни услови и при зголемена сообраќајна фрекфренција.