Случајот “Ласкарци” една година заглавен на суд

0
50

Судскиот процес за автобуската несреќа кај Ласкарци е во застој повеќе од една година претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев вели дека одговорот треба да го даде бирото за судски вештачења, бидејќи од таму се очекува вештачењето побарано од судот.

Министерот за правда Никола Тупанлевски не сакаше да даде коментар за конкретен сличај но посочи дека за десетина дена треба да влезе во Владина процедура новиот закон за вештачење кој се подготвувал подолго време.

Во оваа автобуска несреќа која се случи пред три години загинаа 16 лица, а над 30 беа со тешки повреди, одлука за супервештачење судот донесе во ноември 2021.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци се сопрсвеникот на „Дурмо Турс“, одговорното лице за транспорт во фирмата и возачот на автобусот кои се обвинуваат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот како и тројцата вработени во станицата во која се вршеле техничките прегледи на возилата а се товарат за соучество во тоа дело.