Да се смени уставната формулацијата „20 отсто“ со албански народ и албански јазик, му пренел претседателот на ДПА Мендух Тачи на лидерот на ДУИ Али Ахмети, вчера на средба во Собранието, информира ДПА, објави Слободен Печат
езолуција од VIII Конгрес на ДПП која се однесува за измена на членот од Уставот и наместо „20 проценти“ да пишува „албански народ“, „албански јазик“. На средбата Тачи и Ахмети разговарале за актуелни политички теми во земјава и пошироко.
Од партијата велат дека соговорниците се согласиле дека ваквите средби треба да продолжат и со други политички фактори и експерти.
Во информацијата не се наведува дали Ахмети и Тачи ова барање ќе го испорачаат при отворање на Уставот за влез на Бугарите во него.