Полициски службеници на СВР Тетово денеска (1 октомври) во 17 часот и 25 минути, во продолжението од првенствениот фудбалски натпревар Тетекс-Каменица Саса, во 94-та минута, го лишиле од слобода Н.А.(18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С.(38).од Пробиштип.Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Име Полошки Глас ТЕТОВЕЦ ЈА ПРЕСКОКНАЛ ОГРАДАТА И ГО НАПАДНАЛ ГОСТИНСКИОТ ФУДБАЛЕР НА ФУДБАЛСКИОТ НАТПРЕВАР...