Нова регионална болница ќе никне меѓу Тетово и Гостивар. Ќе биде наменета за жителите од овој регион и во неа ќе работи медицинскиот кадар од тетовската клиничка и од гостиварската болница. Според извори од министерството за здравство, планирано е градбата да почне напролет освен ако не ја одложи моменталната економска криза. Постоечките објекти на овие две здравствени установи нема да бидат затворени туку во Гостивар ќе има оддел за итна медицина а останатите згради или ќе одат на продажба или ќе станат палијативни центри. Истиот модел ќе го има и за стружани и охриѓани кои ќе имаат заеднички нов болнички капацитет до новата градба кај Еразмо. Според информации на Сител, регионализацијата ќе значи и намалување на лежечките кревети што треба да резултира со повеќе медицински сестри за пациентите, поголема грижа и помал престој.
Освен на западот промени ќе има и на истокот од земјата. Во Кочани ќе има третирање само на итни случаи а лежечките ќе завршуваат во штипската болница која според нашите информации треба да стане клинички центар, но нејзината изградба со години беше блокирана додека сега се најавуваат нови установи.
Најавената регионализација на која ќе работат здравствените власти е содржана и во националната стратергија за здравство 2021 -2030 година каде е наведено што не чини во здравствениот систем и како треба да се подобри за да ги следи европските трендови.
-Нема предвидено ниту буџет ниту дефинитвна локација за изградба на нов клниички центар кој е приоритет на секој мниистер, па и на сегашниот. Затоа, пак, со превидената регионализација планираат има регионални центри и нови објекти.
Македонија е една од земјите во Европа која најмалку троши на здравствена заштита или 851 долари по жител. Исто така во земјата има и сериозен дефицит на медиицнски сестри, далеку помалку од предвидениот европски просек.
Сите овие промени на хартија треба да значат напредок на здравствената грижа. Но колку ќе можат да ги спроведат и во реалноста ќе покаже времето.
Извор Сител Тв