Членот на Левица осуден за инцидентот со Заев на Могила

0
56

Членот на политичката партија Левица, Иван Јованоски, првостепено е осуден за настанот од минатогодишното одбележување на 11 октомври на Могилата на непобедените, објави на Фејсбук профилот оваа партија без да се каже каква е казната.

Левица случајот го нарече политички монтиран тврдејќи дека пресудата е донесена по директива на поранешниот премиер Зоран Заев. Јованоски тогаш му упати порака на Заев дека поради неговите „предавнички политики и бришењето на антифашистичкото минато“ нема никакво право да се појави и да оддаде чест пред жртвите на АСНОМ.

Како подносител на Барањето за поведување прекршочна постапка не се јавува поранешниот премиер Заев – туку извесен полициски службеник Златко Николоски, кој не е оштетена странка во случајот.

„Tи немаш лице да се појавиш бе Зоки. Му се по..ра на сите што се овде загинати. Треба да си славите празник уште еден вие во Бугарија таму, не овде. Ова не е ваша територија. Ова не е ваша територија“- му речеЈовановски на Заев за време на обдележувањето на 11 Октомври во Прилеп. Заев му рече: Посетете си психијатар.