АНГЕЛОВ – КЛУБОТ СО ИМЕТО НА БОРИС ТРЕТИ СЕ ОТВОРА ЗА ДА СЕ ЗАПАЛИ

0
20

Името на вториот бугарски “културен“ клуб во Охрид “Цар Борис Трети“ е кристално чиста, злонамерна провокација. Исто како и името на првиот клуб “Ванчо Михајлов“, пишува во својот Фејсбук Статус Стојанче Ангелов.

Во продолжение целиот статус на Ангелов со наслов ФАШИЗАМ И РЕНЕСАНСА

Исто како и првиот, и вториот клуб “Цар Борис Трети“ се отвора за да биде оштетен, запален или уништен со што би се продлабочила веќе загрижувачката нетрпеливост и омраза помеѓу Македонците и Бугарите.

Кому тоа му одговара? Зошто тоа некому би му одговарало? Кој е реалниот инспиратор на овој валкан напад врз односите помеѓу Македонија и Бугарија, помеѓу Македонците и Бугарите и индиректно помеѓу Македонците и Албанците? Особено сега кога Македонија е на почетокот на преговорите со ЕУ?

Затоа, како држава и како народ треба да покажеме мудрост и да не наседнеме и на оваа директна провокација чија цел е да се изнуди реакција од наша, македонска страна. Клубот ќе биде отворен, на отворањето ќе се “испосликаат“ неколкуте домашни, од неодамна “освестени Бугари“ со нивните гости од Бугарија и толку. Тешко дека по отворањето на клубот, некој друг ќе влезе во него. Затоа што во Македонија безмалку и да нема Бугари. Така велат резултатите од пописот (само 3.505 Бугари), така зборуваат и резултатите од гласањето на Бугарите од Македонија на парламентарните избори во Бугарија од пред неколку дена (650 гласачи).

Целта на инспираторите на овој валкан напад би била остварена само тогаш кога и клубот “Цар Борис Трети“ би бил оштетен, запален или уништен. Затоа, колку и да е тешко да се одолее на оваа силна и провокативна дразба сепак најдобар лек за неа е “целосен игнор“. Целосно игнонирање од граѓаните но и целосно игнорирање од медиумите. А државата час поскоро да воспостави легални механизми со кои ќе стопира отворање на клубови со имиња на неспорни фашисти, крвници на македонскиот народ и непријатели на човештвото.

Фејсбук статус на Стојанче Ангелов

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02GxngydQZpoXw5YW6bhjs6YUVXBYtGWbEVW7vfyRpovKnLzUQQgLqe2UdiYnXpqel&id=100002319031330