Ахмети ги “скроти огнените“ со нови партиски и функционерски позиции

0
19
smart

За околу еден час генералниот совет на ДУИ го избата централното претседателство. Блерим Беџети и Изет Меџити дел од огнемната група добија високи фунцкии. Беџети е назначен за организационен секретар и Меџити за потпретседател.

Без поголема дебата, највисокото партиско тело на ДУИ Централниот совет го избра Централното претседателство.

Партискиот портпарол Османи, истакна дека се работи за избор кој е демократски и  инклузивен по однос на регионална, полова и генерациска поставеност.

Едногласната подршка на новите луѓе на партиски тела е резултат на претходните дебати кои ги имаше во ДУИ, дополни Османи.

Меѓу првите фунцкии на Централното претседателство се најдоа Блерим Беџети и Изет Mеџити, дел од огнената група. Османи посочи дека демократски е да се има различни мислења. Но целта на спротиставените ставови на партиските функционери не била да ги штитат сопствените интереси, туку интересите на одредена населба, град или регион во државата.

Инаку пред почетокот на седницата, куса изјава даде Али Ахмети, кој истакна дека во партијата нема незадоволство, туку дијалог.

На состанокот беше избран и надзорен одбор на Централното претседателство, кое во нов состав треба да заседава наредниот месец