Доаѓа нов нафтен шок: Цената на литар дизел и над 150 денари

0
33

Малопродажната цена на горивата повторно добива нагорен тренд. По вчерашната одлука на Регулаторна дизелот на бензинските пумпи низ земјава се точи по цена од 94,5 денари за литар. Цената на бензините не се промени и тие се точат по 86,5 односно 89 денари за литар.

Од вчера и организацијата на производителите на нафта ОПЕК заедно со Русија решија да не ги послушаат барањата на американскиот Претседател Бајден и дополнително го намалија производството на сурова нафта за 2 милиони барели на ден што ќе ја намали и онака проблематичната понуда што автоматски ќе ни донесе повисоки цени. Само што се појави информацијата дека се размислува за намалување на производството цените на берзата во Лондон во еден ден скокнаа за околу 5% и во моментов барел нафта се продава над 94 долари.

Имајќи го предвид константниот раст на курсот на доларот во однос на еврото, извесно е дека не чека голем скок на цената на горивата во периодот кој следи. Некои светски аналитичари стравуваат дека постои можност цената на барел нафта да достигне исклучително високо ниво кое би надминало и 150 долари што ќе има многу негативно влијание на пазарите на нафта кои очекуваат зголемена побарувачка во пресрет на зимата.

Во такви услови, цената од околу 150 денари за литар дизел не треба да биде никакво изненадување.