Крешник Бектеши: Ден за историја, за прв пат ќе добиеме гас што не е руски

0
22

Во Софија денеска ќе биде потпишан Договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас на Интерконективната точка Ќустендил-Жидилово помеѓу Македонија и Бугарија.

Договорот ќе го потпишат операторите „ГА-МА“ и „Булгартрансгаз“. На потпишувањето ќе присуствува министерот за економија Крешник Бектеши и извршните директори на Национални енергетски ресурси АД Скопје, Бајрам Реџепи и на ГА-МА, Александар Арсиќ.

Бектеши претпладнево објави заедничка фотографија со директорот Реџепи, а во статусот објави дека Македонија за прв пат во историјата ќе добие гас што по потекло не е од Русија, односно вон договорот со „Гаспром“.
„По осамостојувањето на државата, Македонија за првпат ќе се снабдува со друг природен гас, што не е од Русија“, напиша министерот на Фејсбук.