НА УДАР МЛЕЧНАТА И МЕСНАТА ИНДУСТРИЈА СЕ НАЈАВУВААТ ОТПУШТАЊА И ЗАТВОРАЊЕ НА ФАБРИКИ

0
41

Енергетската криза ги погоди и месната и млечната индустрија. Состојбата со компаниите на ниво на Куманово е алармантна, информира претседателот на Локалниот економско-социјален совет, и сопственик на месна индустрија, Најден Бајдевски. Вели излез може да се најде само со поевтини енергенси и субвенции. Во спротивно ќе почне намалувањето на бројот на вработени и затворање на фирмите. Бајдевски укажува и дека Отворен Балкан предизвика дополнителни проблеми. Во земјава доминираат српски производи.

„Нашата индустрија за производство на храна, е во многу лоша состојба. Струјата во Србија е многу поевтина отколку кај нас. Доаѓаме во состојба до Нова година дел од фирмите ќе мора да преземат мерки за надминување на оваа криза, а првото што ќе се преземе е намалување на трошоци и отпуштање на вработени. Со намалување на работници се намалува и конкурентноста и на домашниот и на странскиот пазар“, истакна Бајдевски.

Локално економскиот социјален совет на Куманово предлага изедначување на струјата на регулиран и слободен пазар, бидејќи разликата е значајна.

„Со ваква висока струја, немање на суровини, исто како и млечната индустрија. Дојдовме во состојба буквално млеко да нема. За некој ден како што оди афричката чума веќе половина Македонија ја зафати ќе дојдеме во состојба да нема ниту свежо месо за домашен пазар“, укажува Бајдевски.

Се бара и намалување на давачките за увоз на соларни панели, како и измена на Законот за градба и поставување на градежно и земјоделско земјиште.

Извор МРТ