Отстранет споменик на Црвената армија во Полска

0
15

Како што соопштуваат од градот, отстранувањето на споменикот е следна фаза во процесот на декомунизација на јавниот простор, што го спроведува

Институтот за национално сеќавање. Истиот ден (26.10.2022) во цела Полска се демонтирани четири слични споменици.

Со тоа се отстранети симболи на руската доминација по Втората светска војна и е даден сигнал за осуда на сегашната војна против Украина, соопшти Историскиот институт.

Спомениците биле подигнати во 1945 година на различни места во Полска, најчесто во форма на обелисци и се од бетон. За да се урнат, се користи и тешка механизација.

Раководителот на државнит Историски институт аргументира дека овие споменици симболизираат систем кој е виновен за поробување и убиства на сопствениот народ и други нации.