Предлогот Ристо Пенов да биде министер за локална самоуправа стигна на дневен ред во Собранието

0
16

Предлогот Ристо Пенов да биде министер за локална самоуправа стигна на дневен ред во Собранието. Премиерот Ковачевски е уверен дека со новиот министер, ќе се зголеми ефикасноста и успешноста на Владата, бидејќи скопјани сѐ уште говорат за мостовите, улиците, инфраструктурата и другите негови успешни проекти. Опозицијата го смета за транзициски политичар во чие време 200 илјади останале без работа. Менувањето министер во ваков ресор среде толкава криза го сметаат за замајување на јавноста.

Вистински човек на вистинско место во вистинско време. Ристо Пенов е решението за овој значаен ресор, како што изјави премиерот Ковачевски, поради „општините што ги водат неспособни градоначалници“. Од него очекува работливост, чесност и визија.

Опозицијата го нарече  „инекција со изминат рок“. Станал градоначалник на Скопје во 96 – годината кога пропаднале најмногу фирми, 200 илјади останале без работа а голем дел од нив станале дел од „изгубената генерација“.

ВМРО-ДПМНЕ не верува во капацитетот на оваа Влада, додека СДСМ ја нагласува нивната проевропска политика на „крената глава“.

Пенов е предлог на коалицискиот партнер во Владата ЛДП, откако Горан Милевски си поднесе оставка. Се враќа во политиката по една деценија, со пре