Таки Фити предлага ваучери за плаќање сметки за струја и прехранбени производи за најранливите категории

0
31

Академикот и професор Таки Фити предлага таргетирани мерки, како една од можните решенија со кои би се ублажил ценовниот удар.

-Да им се дадат на пензионери и лица со ниски примања ваучери за плаќање сметки за струја, но и ваучери за купување на основни прехранбени производи. Цената на електричната енергија во оваа криза релативно малку се намали кај нас, но има семејства кои се засегнати со енергетска сиромаштија, можеби таа листа треба да се прошири. Исто така сум за таа мерка, бидејќи цените на основните прехранбени производи прилично се зголеми – да има ваучери за најранливите групи, истакна Фити.

Негово мислење е дека оваа е тешка криза и цел свет се соочува.

-Ние на еден или друг начин гасиме пожар. Постои опасност во светски размери од појава на стагфлација. Оваа година ние нема да влеземе во таков тип на рецесија, но ќе видиме за наредната година, вели Фити после завршувањето на Економскиот совет кој се одржа во Владата.