ФОТО: Скршена таблата на бугарскиот клуб во Охрид

0
29

Утрово искршена таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Во охридската полиција пријавено е оштетување на таблата со натписот на името на здружението над просторијата на клубот.

Околу 12.45 часот е добиено известување за оштетен дел со натпис на името на здружението над просторијата на клубот. СВР Охрид врши увид на местото и работи на расветлување на случајот, информираат од СВР Охрид.

Контроверзниот бугарски центар беше отворен минатата недела во трговскиот центар „АМАМ“, на отворањето му претходеа жестоки протести од граѓаните, кои бараа негово затворање.