Борел: Вучиќ го прифати предлогот на ЕУ, но не и Курти

По одвоените состаноци и трилатералната средба со Александар Вучиќ и Албин Курти, првиот дипломат на ЕУ, Борел изјави дека двете страни не постигнале договор за задолжителна пререгистрација на српските таблички на Косово,

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска во Брисел, по неколкучасовните средби со лидерите на Србија и Косово, изјави дека Белград го прифатил предлогот на ЕУ за излез од кризата околу прашањето за регистарските таблички, но дека не е добиена согласност и од Приштина.

По одвоените состаноци и трилатерална средба со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, Борел за новинарите изјави дека двете страни не постигнале договор за прашањето за задолжителна пререгистрација на српските во косовски таблички.

„Изнесовме предлог за да избегнеме ризична ситуација. Претседателот Вучиќ го прифати предлогот, но за жал премиерот Курти не. Очекувам Косово веднаш да ги суспендира понатамошните чекори поврзани со пререгистрацијата на регистарските таблички и Србија да го суспендира издавањето на регистарски таблички за градовите во Косово, вклучувајќи ги и табличките КМ“, рече Борел.