ВИДЕО: ЗИМСКА ИДИЛА НА ПОПОВА ШАПКА

Прекрасна зимска идила ни доаѓа од Шар Планина, односно од скијачкиот центар Попова Шапка. Според фотографиите што се шират на социјалните мрежи, но и камерите во живо, на планината веќе има снежна покривка од неколку сантиметри.

Според УХМР, снег ќе има и денеска на повисоките планини.

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, на повисоките планини повремен снег, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.