МЕНАЏЕР НА СТОКОВНА КУЌА ПУКАЛ КОН ВРАБОТЕНИТЕ И ГОСТИТЕ, НАЈМАЛКУ ДЕСЕТ ЗАГИНАТИ

Во масовното пукање што се случи во стоковната куќа „Волмарт“ во американската сојузна држава Вирџинија, неколку лица се убиени и ранети.

Според првите резултати од истрагата, менаџерот на маркетот најверојатно ги застрелал вработените. Засега се верува дека целиот инцидент се случил внатре во продавницата, меѓутоа полицијата соопшти дека телото на едно лице е пронајдено пред продавницата, пишува Би-Би-Си.

Повеќе детали ќе бидат познати по завршување на увидот и истрагата.

Во масовното пукање загинаа најмалку десет лица, меѓу кои и напаѓачот, но се уште не се знае дали тој се самоубил или бил елиминиран од полицијата.

Полицијата им соопшти на новинарите дека нападот се случил во 22:12 часот по локално време.

Портпаролот Лео Косински рече дека се верува дека пукањето се случило во продавницата и дека осомничениот делувал сам.

„Волмарт“ рече дека е „шокиран од овој трагичен настан“ и дека „тесно соработува со органите на прогонот“.

Една жена по име Џоета Џефери изјавила за Си-Ен-Ен дека нејзината мајка била внатре во зградата кога се случил нападот и дека успеала да испрати СМС пораки.

Г-ѓа Џефри рече дека нејзината мајка не била повредена, но била во шок.

Марк Ворнер, демократски сенатор од Вирџинија, на Твитер напиша дека е „згаден од извештаите за уште едно масовно пукање“.

Сенаторот од Вирџинија, Л. Луиз Лукас, исто така демократ, додаде дека ѝ е „апсолутно скршено срце“.

Таа на Твитер напиша: „Нема да се одморам додека не ги најдеме решенијата за да ставиме крај на оваа епидемија на оружено насилство во нашата земја“.