ВИДЕО: СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО СРБИЈА, СЕ СУДРИЈА ДВА ШЛЕПЕРИ И ИЗГОРЕА

Тешка сообраќајна несреќа во која целосно изгореле два шлепера се случи денеска на автопатот меѓу Нови Сад и Белград кај местото Ковиљ, јавија локалните медиуми.

Според првичните, неофицијални информации, шлеперите се судриле во моментот кога едниот го претекнувал другиот, по што двата камиона излетале од патот и се запалиле. Сообраќајот во правец кон Белград попладнево беше во прекин.

Двајцата возачи, на возраст од 40 и 42 години, биле примени во болница во Нови Сад со бројни повреди, но не се во животна опасност, според медиумите.