Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 анализа во врска грешењето на знамињата кога доаѓаат странски гости, за 24 вести истакна
– Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква дректна одговорност која ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, а работеше една година. – рече Османи.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека Османи не ја кажува вистината.
Бујар Османи не ја кажа вистината кога соопшти дека директорот на протоколот наводно поднел оставка поради згрешеното знаме за време на посетата на словенечката министерка за надворешни работи Тања ФајоВистината е дека тој добил датум и е унапреден за амбасадор во Москва.Се поставува прашањето зошто Османи ја лаже јавноста? Неспособноста е длабоко вкоренета во институциите. Како човек кој не разликува знаме, може да преставува држава?“ – се наведува во партиското соопштение.