ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ТЕТОВО, СИНОЌА СЕ ИЗВЛЕКУВАЛЕ ЗАГЛАВЕНИ ВОЗИЛА, КОИ СЕ ОБИДУВАЛЕ ДА ПОМИНАТ ПОД НАДВОЗНИК

Во тетовската населба „Дарданија“ во неколку наврати синоќа Територијалната противпожарна единица Тетово интервенирала на извлекување на возила, кои се обиделе да поминат под надвозник, но поради високиот водостој возилата заглавиле во водата, пишува Слободен печат Како што стигнувале повиците за помош, екипите на пожарната интервенирале во три наврати, луѓето и возилата сега се на безбедно..

 

 

„Во населбата Дарданија полицијата го има блокирано патот под надвозникот, оти има премногу вода и возилата не можат да поминуваат. Ние таму интервениравме вечерва, извадивме три возила кои биле заглавени со луѓе внатре.Се работи за населба лоцирана позади тетовската млекара.Сме интервенирале во два три наврати, како што ги добивавме повиците за помош, сега чекаме да престане дождот и со пумпи да ја испумпаме водата под надвозникот.Возилата биле заглавени во водата,возачите мислеле дека ќе ја поминат водата со своите возила, но возилата при возење откажале поради водата најверојатно некој спој настанал, и повикале помош и ние интервениравме. Се заврши во ред, возилата и луѓето се извлечени“, изјави Авни Амети командир на ТППЕ Тетово.

 

 

Од поплавите предизвикани од поројните дождови блокирам е и надвозникот Тетово- Фалише, а противпожарните екипи интервенирале во над десетина поплавени домови, во неколку тетовски населби.

„Исто и под надвозникот кај патот Фалише – Тетово има премногу вода. Има поплави во населбите кај улиците 172, 162 и 166. Таму има поплавени куќи, сме интервенирале со пумпи. Улиците 162 и 166 се кај тетовската касарна, а улицата 172 кај Земјоделското училиште „Моша Пијаде“, исто како што кажав претходно поплави има и кај наслебата „Дарданија“. Два моста односно надвозници се блокирани , но чекаме да престане дождот и да интервенираме со специјални пумпи и за околу три чата, очекуваме да се одблокираат патиштата, ама како што реков чекаме да престане дождот. Ако престане и вечерва ќе се интервенира, но, еве како што гледам сега времето се смирува, рече Амети.