Вучиќ: Приштина сака да ги протера Србите од северот на Косово

Претседателот Александар Вучиќ по средбата со шефот на европската дипломатија, Жозеф Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак во интервју за Танјуг.рс изјави дека се соочуваме со многу комплицирана ситуација на Косово.

Вучиќ рече дека Лајчак останал уште малку на средбата за да „види дали има некој начин да се постигне компромисно решение“.

„Во моментов не го гледам решението, бидејќи Приштина одбива да се однесува рационално и во согласност со меѓународното право.Приштинските власти сакаат да ги протераат Србите од северот на Косово и јасно е кој ги поддржува во овие работи.Србите нема да го напуштат Косово.Ова покажува колку сакаат да прават инциденти, немири, хаос, па јасно е дека се подготвуваат за тоа и јасно е дека некој ги поддржува во овие одвратни, валкани активности“ посочи Вучиќ.