Вучиќ: Српскиот збор значи многу повеќе од нечиј потпис, не верувам дека ќе има средба со Курти

Српскиот претседател Александар Вучиќ, како што изјави пред медиумите, ги предал сите документи кои го потврдуваат ставот на Србија во однос на Косово.

„Ги предадов и зборував со Макрон за нашата желба да ја стабилизираме ситуацијата, но и за фрустрациите на нашиот народ и како изгледа кога некој не исполнува нешто што го потпишал, реков и дека српскиот збор значи многу повеќе од нечиј потпис“, изјави Вучиќ на новинарите.

Зборувајќи за настаните на Косово, Вучиќ рече дека „секогаш е подготвен на компромис“, но и дека не верува дека ќе го има, поради приштинската страна.

„Рековме какви се условите за враќање во институциите, но не знаеме што ќе биде понатаму. Имавме добра средба и поради нашите билатерални односи, и поради другите, а што се однесува до Приштина, не сум оптимист. Денеска донесов документ за табличките, му ги покажав на Макрон, само барам што пишува во документот“, рече Вучиќ.

„Околу регистерските таблички се невозможни некои работи. Ги решивме личните карти, а потоа ми рекоа: Ве молам направете го тоа, ќе преземеме се во врска со регистарските таблички, ќе го убедиме Курти да реши поинаку. И го направивме тоа, но ништо не се случи“, рече Вучиќ, зборувајќи за САД и неисполнувањето на условите.

За германско-францускиот предлог, тој рече дека Србија одговорила со нон-пејпер на нон-пејпер.