ДА НЕ БЕШЕ СОГОЛЕНА „ШАРА“, ТЕТОВО НЕМАШЕ ДА БИДЕ ПОД ВОДА, ПОСЛЕ СЕКОЈ ОБИЛЕН ДОЖД

По секои поројните дождови, се поплавуваат повеќе градски улици , а под вода се и куќите, претежно подрумски простории и гаражи.

 

Пред два дена по обилните врнежи Тетово изгледаше како што беше прикажано во видео материјалот од ТВ 21

 

Од Јавното комунално претпријатие „Тетово“, велат дека нивни екипи интервенираат на места кои ги нарекоа хронични, каде водата се задржува и повеќе од десетина часови, откако ќе престане дождот. Такви места се надвозниците и таму кога врне пообилен дожд, препорачуваме возила да не се движат.

„Да апелирам до граѓаните, ако се движат низ овие места да ги избегнуваат, ако има во моментот поројни дождови да бираат алтернативни патишта, за да не им се блокираат возилата.Ситемот е така конструиран, да може да прифати одредена количина на вода. Сега имаме невремиња и обилни врнежи кои ни создаваат проблеми, канализацијата не може да ги прифати големите количини на дождови,“ вели Љуљзим Шаќири од Секторот водовод и канализација при „ЈКП Тетово“.

Тој вели дека има решение за проблемот, но општината е таа која треба да инвестира. Но според него, климатските промени дополнително ја отежнуваат состојбата. Големата количина на вода не може да ја прими атмосферската канализација, која е стара, дотраена и со мал капацитет.

„Од наша страна е дадено мислење до Општина Тетово што треба да се направи. Наша препорака е да се направат јами околу хроничните места, мислам кај надвозниците кои постојано се поплавуваат. Да се исцрпува водата со пумпен систем и водата да се исфрли директно во блиските канали за наводнување и кај двете места има канали за наводнување.Додека на улица „166“ и „172“ општината има преземено, односно изработено некој проект заедно со УНПД ,рече Шаќири.

„Мое мислење, но и мислењата на повеќето експерти е дека големата количина на вода од „Шара“ се симнува во градот по обилните врнежи, оти голем дел од планината е соголена, што предизвикува ерозивни процеси, кои придонесуваат водата многу лесно да си го најде патот до градот“, вели Шаќири

Според него потребна е и интервенција за проширување на капацитетот на атмосферската канализација, која засега се обновува, но претежно на улиците кои целосно се реконструираат, на останатите е стара, дотраена и со многу мал капацитет.

Извор Слободен печат