На домот за згрижување стари лица „Оренда“ во Пеќ му е одземена лиценцата, по објавените снимки каде поранешната медицинска сестра Аурона Пелај малтретира една постара жена која живееле во домот.
Информација ја соопшти Министерството за Финансии на Косово, објавија повеќе косовски медиуми, пренесе СП
„По објавувањето на снимката од физичкиот напад врз повозрасната жена во „Оренда“ во Пеќ, посебна единица веднаш извршила увид на местото на настанот, како и разговор со вработените во центарот и со сведоците на случајот“, се наведува во соопштението.
„Согласно собраните докази и искази донесена е одлука домот „Оренда“ до 7 ноември да престане да ја врши дејноста.Истите се должни за ваквата одлука во рок од 24 часа да ги известат членовите на семејството на старите лица кои живеат таму“, стои во соопштението
Инаку косовската јавност беше згрозена откако на социјалните мрежи беше објавена вознемирувачка снимка од дом за стари лица во Пеќ, на која се гледа како вработена во домот, малтретира и тепа стара жена, жителка на домот.
Жената која беше малтретирана од медицинската сестра во дом за стари лица во Пеќ дента замина од оваа установа, каде престојуваше речиси една година. Ја зедоа членови на нејзиното семејство .Утредента трите вработени од установата кои ја малтретираа и учествуваа во малтретирањето на жената, беа донесени пред надлежниот суд во Косово.