Ужасна трагедија се случила пред три дена на Дигестивната клиника во Скопје. Починал кавадарчанец откако од засега неразјаснети причини паднал од терасата на третиот кат.
72 годишен кавадарчанец починал на КАРИЛ, откако од терасата од третиот кат на Дигестивната хирургија паднал на вториот кат.
Несреќата се случила во неделата вечерта околу три часот по полноќ. Ден претходно бил опериран од жолчка, а во понеделникот требало да си замине дома. Кога пристигнал неговиот син да го земе, докторот му ја раскажал случката.
За тоа како дошло до трагичниот настан не добивме официјлен одговор од страна на Клиниката за дигестивна хиругрија. Роднините велат дека ќе бараат одговорност за трагедијата.
Телото е предадено на обудукција во судска медицина, каде треба да се потврди причината за смртта.