Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами ќе ја одбие понудата на премиерот Димитар Ковачевски за лидерската средба која денеска напладне треба да се оддржи во Собранието со претседателите на парламентарните партии, брифираат за „Слободен печат“ од Беса.
Пред премиерот да закаже лидерска средба, Касами ги покани претседателите на партиите од албанскиот политички блок на лидерска за усогласување на позицијата да се тргне од Уставот формулацијата „20 отсто“ и да се замени со албански јазик. Ниту еден од лидерите на партиите од албанскиот кампус не ја потврдија поканата на Касами за присуство на средбата.