Курти: Нема да успеат обидите на Србија да ја дестабилизира ситуацијата на Косово

0
131

Косовскиот премиер Албин Курти од Призрен изјави дека обидите на Србија да ја дестабилизира ситуацијата на Косово нема да успеат.

Знам дека таков обид ќе биде неуспешен, нашата земја е силна затоа што е демократска, што е во договор со САД, НАТО и ЕУ“ – рече тој.

Според него, ситуацијата на северот може да биде поврзана со француско-германскиот предлог, пренесува Н1.

„Можно е тие да не сакаат конструктивно да се вклучат во дијалог и сега го избрале овој втор пат, но верувам дека тие што ги слушаат, нелегалните структури, многу се разликуваат од граѓаните на нашата земја кои се од српска националност“ – рече Курти.