КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ ВО ТЕТОВО НАПАЃААТ, ОТИ НИКОЈ НЕ ГИ ТРЕТИРА, ВЕЛАТ ВЕТЕРИНАРИТЕ

Проблемот со кучињата скитници во Тетово станува алармантен. Речиси секој ден има регистрирано по некој напад. Вчерашниот кога една жена бегајќи од овие животни падна и скрши нога и ја повреди раката, ја вознемири јавноста. Бараа итно решавање на проблемот.

Ваквите напади како на снимкава, се се почести. Животните во потрага по храна, особено зимскиот период ќе бидат се поагресивни, алармираат ветеринарите. Ретко кое куче во градот е третирано, а тие кои не се стерилизирани, односно без ушна маркица, се најопасни за граѓаните.

Вчера една жена се здоби со скршеница на нога и повреда на раката, бегајќи од толпа кучиња скитници кои ја нападна. Тетовци бараат итно решавање на проблемот, состојбата велат е загрижувачка.

Од Општина Тетово молчат. Без одговор до каде се активностите околу заловувањето на кучињата скитници. Минатиот месец соопштија дека се заловени 83, но проценките, се дека низ тетовските улица, имаа петстотини бездомни животни.