Мицкоски прифати безусловна лидерска средба со Ковачевски

0
51

Лидерската средба на претседателите на политичките партии в понеделник е извесна, откако предводникот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја прифати поканата од премиерот и лидер на СДСМ, ДИмитар Ковачевски.

Ковачевски упати покана до политичките партии за одржување лидерска средба в понеделник на која, како што е најавено, ќе се расправа за европската иднина на земјава, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консензус.

Шефот на ВМРО најави дека ќе оди на средба без да побара предвремени парламентарни избори, односно без да поставува услови. Меѓутоа тој предлага на средбата да се разговара за енергетската криза и за проблемите на граѓаните, а не за уставните измени.

„Пострашно е што беше тоа што го кажаа како дообјаснување претставниците и лидерите на албанските партии а тоа е формирање на дводомен парламент што би значело де факто и де јуре федерализација“, изјави при тоа Мицкоски.

Од ДУИ велат дека ваква средба е неопходна, особено кога се зборува за уставни измени како дел од европската агенда, додека од Движењето Беса велат дека по прифаќањето на повикот на премиерот, партиските органи ќе одлучат дали ќе учествуваат или не. Алијанса за Албанците сѐ уште не одлучила за состанокот во понеделник