Општина Тетово започна неколку акции за уривање на дивоградби. Граѓаните обинуваат за селективност, градоначалникот Биљал Касами вели дека нема никој да биде поштеден. Акциии ќе продолжат за тие градби кои немаат започната никаква постапка за легалзиација и ги немаат доставено сите потребни документи за овој процес.
Општина Тетово деновиве во акција на уривање на неколку дивоградби на Попова Шапка кои што беа во градба, во Тетово се острануваа бесправни поставени рекламни материјали.
Граѓаните ја поздравија акцијата, но се сомневаат дека истата ќе продолжи без селективност.
Од Општинскиот инспекторат, велат дека уриваат објекти кои се во градба, а немаат започната никаква процедура за легализација. За предметите кои имаат некаква постапка немаме право да реагираме, за нив е надлежен Секторот за урбанизам.
Од Секторот за урбанизам добивме одговор само за состојбата на Попова Шапка. За таму се водат 125 предмети за легализација на објекти, а за 60 од нив треба да се излезе на терен и да се утврди фактичката состојба, на останатите им недостасува документација.
Но, дали овие градби кои се на државно земјиште ќе се легализираат ќе одлучи советот, вели градоначалникот на Тетово
Во Тетово подолг период, тапка во место процесот на легализација, дивоградби никнуваат како печурки, а решенијата за уривање стојат заглавени во фиока.